Преживеал масовно стрелање, лежел со часови меѓу лешови


Дваесет и тригодишниот Али, преправајќи се дека е мртов ирачки војник го преживеал масовното стрелање кое во јуни, по заземање на Тикрит го извршија џихадисти од Иламската држава.

стрелање-630x309

Според неговите зборови тој на 12-ти јуни бил заробен заедно со илјадници други војници, кои се подготувале да побегнат од воена база. Во моментот кога милитантите со огнено оружје започнале да ги ликвидираат еден по еден, тој паднал на тлото пред да биде застрелан и со часови лежел помеѓу мртвите тела.

Кадим бил четврти во редот за стрелање. Откако џихадистите го застрелале првиот маж, крвта се распрскала по неговото лице. Почувствувал како куршум му минал покрај главата и паднал напред во ископаниот ров.

“Се преправав дека сум мртов”, рекол Кадим за New York Times.

Во ровот лежев и чекав околу четири часа, додека не се стемни и не настапи целосна тишина. На двесте метри од масакрот била реката Тигрис и надежта за неговиот спас. Со рацете врзани зад грб Кадим успеал да дојде до реката, а таму сретнал тешко ранет маж по име Абас, кој му ги ослободил рацете. Абас бил застрелан од милитантите и фрлен во реката, мислејќи дека е мртов.

Кадим три дена останал со Абас на брегот на реката. Јадел само инсекти и црви, но на Абас му било толку лошо што не можел да јаде ништо. “Тоа беа пеколни три дена”, рекол Кадим.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1