Пријатели, луѓе од државата Република Македонија – Станишев во неговиот говор ниту еднаш не спомна Македонци


Ова е инспиративна глетка-собрани луѓе кои се борат за демократија. Овде сум во името на сите социјалдемократи, заедно со моите пријатели од Шведска, Бугарија, Обединетото Кралство, рече на денешниот протест пред владата европратеникот од Бугарија Сергеј Станишев.

Сега слушнете внимателно-вашата порака е кристално јасно, вашата порака е дека сакате мир. Овде гледам луѓе од различни етнички заедници кои се овде, јас овде слушам и гледам дека саката демократија.stanisev-skopje

Слушам како луѓето изговараат една реченица- Нема правда , нема мир. Сакам да знаете дека вашиот глас се слуша во Европската Унија, сакам да знаете дека сте важни, дека сте обединети заедно и никој не може тоа да го игнорира. Ниту Владата, ниту Европа, ниту било која партија. Сакам да кажам на бугарски јазик, ќе ме разберете-Сакаме Македонија да ја видиме мирна, европска.

Станишев ниту еднаш во 15 минутниот говор не спомена Македонци. Поранешниот бугарски премиер се обраќаше со пријатели, луѓе од државата Република Македонија, но ниту еднаш Македонци.

Станишев важи за за еден од најконтроверзните балкански политичари, кому пред само неколку месеци Европскиот парламент му го одзеде пратеничкиот имунитет за да дозволи неговата земја да покрене обвинение против него поради губење на тајни документи.

Кога се во прашање неговите ставови кон Македонија, познато е дека тој не ја признава македонската нација и македонскиот јазик. Како потврда за неговите антимакедонски ставови говорат и податоците дека Станишев во неговиот мандат како премиер не дозволуваше регистрација на македонската организација ОМО Илинден Пирин, измислувајќи илјадници причини за да не биде регистрирана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1