Околу 2.000 е бројката на граѓани кои може да се пријавaт за „Појадок на мост“, мафиестација која по 3 пат се одржува на Камениот мост. Ќе се одржи на 23 септември, од 9 до 11 часот. Организатор е град Скопје.
Влезот е бесплатен, но потребно е да се има однапред добиена влезница. Пријавувањето се врши до 20 септември од 10 до 15 часот пред градската кафеана „Пелистер“ на плоштадот „Македонија“. Едно лице може да подигне само една влезница, а за тоа му е потребна лична карта. Целта е да се придонесе за зближување на луѓето. ланч-пакетот содржи десетина различни производи, донација од повеќе македонски компании.
Камениот мост за пешаци ќе биде затворен од 22 септември во 19 часот до 15 часот на денот на одржувањето на манифестацијата.