Приказна која го расплака Балканот: Професорка донираше кожа за своја ученичка (ФОТО)


Седумнаесет годишната ученичка Милица Станковиќ и нејзината класна раководителка 44-годишната Сузана успешно се опоравуваат на Одделението за пластична хирургија по трансплантацијата на кожа, чиј донатор била професорката за повредената ученичка.

Оваа хумана и храбра жена, мајка на три деца, се пријавила како донатор на кожа, откако Милица во сообраќајна несреќа во февруари годинава се здобила со тешки телесни повреди.

donira-koza500Милица едвај извлека жива глава до сообраќајната незгода во која се здобила со отворени фрактури на ногата, раката и клучната коска. Поради тешките повреди на Милица итно морало да и биде трансплатирана кожа. Прво донирал таткото на девојчето, но тоа за жал не било доволно.

– Нејзината мајка дојде во училиштето и се пожали дека неможат да најдат соодветен донор за нивната ќерка. Не ни сонуваше дека токму јас ќе се пријавам, го направив тоа без да се двоумам ни секунда. Имав во предвид дека се ближи почетокот на школската година и дека моите деца ќе тргнат на училиште без мене, но човечкиот живот е најважен, раскажала професорката, која додала дека воопшто не помислува на белезите кои може да ги добие по трансплантацијата.

Милица сеуште има силни болки во раката и ногата, а хирургот кој ја оперирал и навестил дека заздравувањето ќе биде долго и мачно.

– Немам зборови со кои можам да ја опишам мојата професорка. Таа би го направила тоа за секој нејзин ученик. Едноставн, таа е таков човек. Таа пред мене ќе биде пуштена од болница и веќе знам дека многу ќе ми недостига, бидејќи со неа ги споделив најтешките момети од мојот живот, рекла Милица.

Професорката Сузана е позната по својата хуманост, до сега дури 30 пати донирала крв и е активист во Црвениот крст и благодарение на нејзината пожртвуваност, голем број од нејзините ученици започнале да волонтираат во Црвениот крст.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1