Нелегални абортуси, несовесно давање на медицинска помош, како и недозволени сексуални односи извршени над пациентки однеле еден гинеколог од Белград на суд, пишува Блиц.
Откако јавноста се шокира од веста дека гинекологот од клиниката „Народен фронт” брутално епретепан пред неколку дена бидејќи бремена жена пред породување ја отпуштил дома на нејзинобарање, се обелодени неговото опсежно полициско и судско досие.
Првиот, многу бизарен случај бил покренат против гинекологот Томислав Пауновиќ по кривичнапријава за незаконски обид за сексуален однос со пациентка, која го обвинила дека за време на гинеколошки преглед на столот во ординацијата сексуално ја вознемирувал.
На жената гинекологот и закажал контрола неколку дена по регуларно извршениот абортус. Се покажало дека контролата било во неработен ден, односно дека само тој од лекарите бил надолжност и работел со пациенти.
Веднаш по влегувањето во ординацијата, како што оштетената навела во нејзиното сведочење, д-р Пауновиќ почнал да ѝ се нафрла безобразно за што таа неколку пати го опоменала да вимава на однесувањето. Додека лежела на гинеколошкиот стол и и чекала да почне прегледот почувствувала како тој со јазикот ја лиже по препоните и гениталиите. Потресена веднаш ја напуштила ординацијатаи одлучила да поднесе кривична пријава.
Шокантните детали кои пациентката ги раскажала, многубројните наоди и мислења биле доволни заподигање на обвинение против лекарот. Предметот дошол на суд, но како што е случајот со одредени постапки во Србија, тој застарел и за тоа дело гинекологот не бил казнет.
Како што дознава „Блиц”, уште еден случај д-р Пауновиќ го донел на обвинителна клупа, за лошо изведена интервенција во неговата приватна гинеколошка клиника каде вршел илегални абортуси на жени дури и во напредна фаза на бременост, што е забрането со закон.
Како лекарот со такво досие и две бизарни обвиненија продолжил непречено да работи на клиниката е прашање на кое никој не одговара.