Приказна за една наставничка – прочитајте! работите не се секогаш како што вам ви изгледаат


Работите не се секогаш како што вам ви изгледаат. Честопати за другите судиме според она што ние сме си одлучиле за нив, без да ги знаеме фактите, без да знаеме дека нашата осуда може да значи последна капка во чашата – или пак рака за спас. Зависи од нашето однесување. Затоа ви ја пренесуваме оваа прекрасна прикаска која ја објави порталот Факултети.мк. ПРИКАЗНА ЗА ЕДНА НАСТАВНИЧКА

Се викаше госпоѓа Томпсон. На првиот училишен ден на своите ученици од петто одделение им кажа една лага. Исто како и повеќето наставници на децата им кажа дека сите ги сака подеднакво. Но тоа е невозможно.

Во прва клупа седеше едно момче по име Теди Стодард.
Госпоѓа Томпсон го набљудуваше Теди изминатата година и забележа дека тој ретко си игра со останатите деца, облеката му е неуредна и дека не се капе редовно. Теди исто така понекогаш знаеше да биде и непријатен. Дојде до момент кога госпоѓа Томпсон навистина уживаше да му пишува големи единици на скоро сите негови писмени со црвено пенкало.

Во училиштето наставниците беа должни пред да го напишат своето мислење за сите ученици и да ја напишат крајната оценка да го прочитаат мисењето за ученикот што го напишал наставникот од минатата година. Томпсон го остави мислењето за Теди последно и видно се изненади кога почна да го чита.

Во прво одделение за Теди било напишано „Теди е бистро дете и секогаш е насмеан. Уреден е и добро е воспитан. Вистинско задоволство е да работиш со вакво дете.“
Во второ одделение напишале „Теди е одличен ученик и сите го сакаат, но има проблеми дома бидејќи мајка му е неизлечливо болна.“
Во трето одделение  „Тешко ја поднесе смртта на својата мајка. Се труди колку може, но таткото воопшто не обрнува внимание, и ако нешто не промени целата ситуација многу лошо ќе се одрази на Теди“
Во четврто одделение „Теди се повлече во себе, и не покажува интерес за училиштето. Нема многу другари, а понекогаш и спие на часовите“

Госпоѓа Томпсон тек сега сфати во што е проблемот и се засрами. Уште полошо се почувствува кога сите ученици и донесоа подароци за Божиќ завиткани во украсна хартии. Само подарокот на Теди беше завиткан неуредно во обична кафена хартија.

Од сите подароци таа прво го отвори неговиот. Децата почнаа да се смеат кога од кутијата испадна стара огрлица од пластични камчиња и едно шишенце со парфем до половина истрошено. Тогаш жената за да ги смири сите кажа дека огрлицата навиостина е прекрасна, а парфемот преубав и прсна на зглобот.

По часовите Теди и возврати „Денес мирисавте како мојата мајка некогаш“
Од тој ден жената престана да предава математика и граматика и почна да ги учи децата, обрнувајќи посебно внимание на Теди. Теди од ден на ден стануваше се повнимателен и подобар ученик. Како таа се повеќе и поеќе го поттикнуваше така тој даваше се повеќе и повеќе од себе, за на крајот на годината да стане еден од најдобрите ученици.

Кога заврши школската година, госпоѓа Томпсон пронајде писмо од Теди во кое пишуваше „Вие сте најдобрата наставничка која некогаш сум ја имал“
Поминаа шест година кога наставничката доби ново писмо од Теди, во кое тој и соопштува дека завршил средно оброзование, но сепак таа е најдобрата наставничка која некогаш ја имал. По 4 години повторно пристигна писмо од негогаш повлечениот Теди, но овој пат писмото беше потпишано како – дипломиран инжинер Теодор Стенфорд- известувајќи ја дека успеал да заврши факултет како најдобар во генерацијата, но дека повторно не се сретнал со подобар наставник од неа.

И тука не беше крајот, по некое време и пристина уште едно писмо во кое дозна дека Теодор, сега успешен млад човек, а некогаш неуреден Теди успеал и да магистрира.
И набрзо госпоѓа Томпсон се ираздува кога Теди и соопшти дека запознал прекрасна девојка со која решил да се ожени. Теди додал во писмото дека неодамна починал и татко му, па ја моли да прифати да застане на местото кое вообичаено е резервирано за мајката на младоженецот.

Секако дека прифати, на тој ден наставничката гордо влезе во црквата носејќи ја старата огрлица и парфемот кои еднаш оддамна ги доби од малото дете во кое почнаа да се јавуваат по некоја искра надеж и верба.
Тогаш Теди ја прегрна својата некогашна наставничка и и шепна
„Ви благодарам госпоѓо Томпсон, поради вас успеав, ви благодарм што ми покажавте дека можам да станам некој и нешто“
А таа возврати
„Не Теди, јас тебе ти благодарам, поради тебе научив како  да ги учам другите“.

Извор – Факултети.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1