Прилепчанец спаси мајка и 1 годишно дете – тркало на камион тешко 200 кг ќе ги смачкало


Храбар прилепчанец спасил мајка и едногодишно дете од сигурен удар од тркало на камион тешко 200 килограми, кое со сета брзина се движело кон нив.

tocka-137686

45-годишниот Борис Солевски се фрлил врз тркалото и бил полесно повреден.

Настанот се случил во саботата вечерта на улицата 11 Октомври, во прилепската населба Табана. На камион товарен со огревно дрво во возење му се откачило предното лево тркало и со полна брзина продолжило да се тркала по коловозот и се качило на тротоарот.

Солевски, кој во тој момент излегувал од продавница за играчки, го видел тркалото како оди кон него, брзо го избегнал, но кога видел дека тоа се движи кон бебешка количка, скокнал врз него. Но тркалото, кое било тешко и поскокнувало, го удрило силно во брадата и во градите, го отфрлило високо, по што тој паднал на асфалтот.

Сепак, тркалото го сменило правецот и жената и детето не биле повредени.

Полицијата извршила увид и најверојатно ќе покрене постапка против превозникот, за управување со неисправно возило.

Точка.ком.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1