Подрачната единица на Агенцијата за катастар и недвижности во Прилеп остана без струја поради долг за неплатени сметки кон ЕВН, пренесе порталот РеволуционерМк.
Вработените морале да прескокнуваат преку шалтери за да излезат од своите работни места поради електронските врати кои што функционираат со картица.
Директорот на подрачната единица на Агенцијата за катастар и недвижности во Прилеп, Живко Самарџиоски за РеволуционерМк изјавил дека не знае за колку точно сметки станува збор.
-Не би можел да ви кажам точно, но станува збор за некои сметки кои што ги немаме добиено ни ние во Прилеп ни во Скопје, највероватно се работи за една или две сметки, немам точно информација колку се – изјавил тој.