Примателите на социјална помош од 2016. ќе земаат по 900 денари за енергетска сиромаштија


Расте надоместокот за енергетска сиромаштија. Наместо сегашните 800 денари од државната каса, семејствата кои користат социјална помош ќе добиваат по 900 денари месечно субвенција како надомест за потрошена струја, најави премиерот Никола Груевски. Со тоа почнува со реализација зголемувањето на паричниот надомест за енергетска сиромаштија согласно владината програма.

Ова е само една од мерките кои државата ги воведува со цел подобрување на стандардот на социјално ранливите категории граѓани.denari mk

– Примателите на помош за заштита од енергетска сиромаштија во 2016 година, наместо 800 денари субвенција како досега, ќе земаат 900, а во 2017-та 1000 денари. Проектот што почна во 2010 година продолжува како што беше ветено во владината програма. За оваа цел во државниот буџет се предвидени околу 1,5 милиони евра. Тоа ќе биде реализирано, истакна премиерот Никола Груевски.
Освен за електрична енергија државата на лицата кои добиваат социјална или постојана парична помош им дава субвенции и за огревно дрво за домаќинствата, а го субвенционира и централното греење. Мерката ја користат нешто повеќе од 10.000 социјално загрозени семејства.
За енергетска сиромаштија за 2015 во буџетот беа обезбедени 81 милион денари. Проектот почна да се реализира во 2010 година кога изнесуваше 600 денари. Во 2012 се зголеми на 700, годинава порасна на 800 денари месечно, за до година субвенциите да се зголемат на 900, а во 2017 на 1000 денари од платена сметка.
Ваквите мерки се дел од владината програма, а тоа се ветувања кои се дадени пред граѓаните, и заради тоа ќе продолжат да се променуваат и во наредниот период.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1