Британскиот Принц Чарлс бил тестиран на коронавирус, тестот бил позитивен.
Принцот од Велс кој е на возраст од 71 година има многу благи симптоми на коронавирусот и се чувствува добро, пренесува ББЦ.
„Војвотката од Корнвол е исто така тестирана на коронавирус, но нејзиниот тест е негативен.Во склад со препораките од Владата и докторите, принцот и војвотката се во самоизолација во Шкотска, е наведено во соопштението.