Британскиот принц Чарлс синоќа со сопругата Камила бил гостин во Народното собрание на Србија, во која британскиот престолонаследник одржал краток говор.
Во текот на обраќањето, принцот Чарлс посебно го истакнал најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, имајќи само пофални зборови за овој идол на младите, како што го нарекол.
– Има еден тенисер кој упорно одбива да го предаде шампионатот на Вимблдон. Новак Ѓоковиќ, неговата вештина и неговата човечност се инспирација на младите низ светот – порачал принцот од Велс.
Пред тоа, Новак Ѓоковиќ ја дочекал британската кралска двојка со видеопорака, со која им се заблагодарил што ја посетиле Србија.
– Ваше Кралско Височество, почитувана војвотко од Корнвол, добредојдовте во Србија! Би сакал да ја изразам својата благодарност поради Вашата одлука да ги посетите семејствата опфатени со проектот кој о здружени сили го спроведуваат Владата на Република Србија/Министерството за социјални прашања, УНИЦЕФ и Фондацијата Новак Ѓоковиќ – рекол Новак Ѓоковиќ.