Прислушкуван разговор на „Исламска држава“: „Шарли Ебдо“ е само почеток!


Германскиот весник „Билд ам зонтаг“ повикувајќи се на податоци од американската Агенција за национална безбедност (НСА) пишува дека нападот во „Шарли Ебдо“ е само еден од повеќето планирани напади на џихадистичката организација „Исламска држава“ во Европа.TERORISTI44

Весникот пишува дека припадниците на НСА успеале да ги прислушкуваат телефонските разговори на лидерите на „Исламската држава“ во кои било кажано дека Европа ја чека бран на терор и оти случувањата во Франција се само почеток.

Во разговорите немало конкретна информација за плановите на „Исламската држава“, меѓутоа бил спомнуван Рим.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1