Започна повторната обдукција на телото на девојката пронајдена во водите на Егејското море за која грчките власти тврат дека е прилепчанката Дениса Маркоска.
Реобдукцијата која треба да потврди дали телото припаѓа на Дениса започна синоќа откако во Скопје пристигна сандакот со посмртните останки, пишува Курир.
Повторната одбукција ја побара семесјтвото на младата прилечанка која исчезна на 12 септември. Таа работела на бродот „Серенисима“. Две недели по неа трагаа грчките власти, но и Интерпол. Потоа беше пронајдено безживотно тело за кое ДНК анализата со 99,9% сигурност потврди дека всушност е младата Македонка.