Мвр поднесе кривична пријава против скопската дадилка, која малтретирала 9 месечно бебе. Родителите ја ангажирале дадилката пред 5 месеци да се грижи за него, но таа на разни начини го малтретирала и грубо се однесувала спрема него. Обвинителството побара притвор, а таа пред судот се бранела дека не е виновна.
Од МВР велат дека имаат видео докази за малтретирањето.
По проучувањето на видео снимката, јавниот обвинител одлучил дека постои сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтртирање на дете“ за кое е предвидена и казна од 1 до 10 години затвор.
Дадилката од видеото тврдела пред истражните органи дека не е виновна, иако малтретирањето на 9-месечниот Даријан беше снимено со камера.