Се појави ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО како дадилката го тепа бебето во Скопје


dadilka tepa2

Foto – Print-screen Youtube

Спиј, ѓубре едно, замолчи, пи.ка ти материна… се зборовите со кои дадилката му се дере на расплаканото деветмесечно бебе, додека го малтретира безмилосно удирајќи го по глава, по раце, по лице и го ниша до повредување.

Мвр поднесе кривична пријава против скопската дадилка, која малтретирала 9 месечно бебе. Родителите ја ангажирале дадилката пред 5 месеци да се грижи за него, но таа на разни начини го малтретирала и грубо се однесувала спрема него. Обвинителството побара притвор, а таа пред судот се бранела дека не е виновна.

Од МВР велат дека имаат видео докази за малтретирањето.

Пријатели…
Со голема болка и уште поголем гнев го постирам ова видео…Сакам сите да видите што држи земјава….
Тоа кутро малечко бебе за кое се зборуваше во вестите,а ќе го видите во видеово е мојот внук Даријан…
Оваа жена -монструм “се грижеше” за Даријан 5 месеци,а ова видео е од само еден ден…Камерата ја постави брат ми,со сомневање дека нешто се случува откако на Даријан му пронаоѓавме модрици по телото и главата!
Не ме прашувајте низ каков шок и траума поминавме кога ја пуштивме камерата…
На ова никој нема да остане рамнодушен!
Овој монструм од жена е таму каде што припаѓа и се чека голема затворска казна!!!
Фала му на Бога Даријан е добар…
Помина премногу испитувања и има траума која се надевам нема да му остане во сеќавање…
Фала на Бога исто така што останавме присебни и не ја земавме работата во свои раце како што би направил секој,туку верувавме во државните органи.
Ова е монструмски чин и срам што сме го гледале по you tube,но еве го споделувам за да знаете сите дека го има и кај нас!Не му посакувам на никој вакво нешто да искуси!
Чувајте ги и сакајте си ги вашите дечиња…И за да не се повтори ова внимавајте на кого ги доверувате вашите деца!

Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1