Притвор за убиецот на 3 годишното девојче


Полицијата го приведе 34-годишниот Џ.Б., осомничен дека во петокот до смрт ја претепа тригодишната Мевљана во куќа во околината на скопски Бит Пазар.

lisici33Против него е поднесена кривична пријава за убиство, а против неговата партнерка за помагање на убиството затоа што била присутна додека девојчето било тепано, а не преземала ништо.

Обдукцијата покажала дека девојчето било брутално тепано со електричен кабел, а од судска медицина велат дека тоа било често пати тепано оти имало внатрешно крварење, повреди на внатрешните органи и неколку скршеници.

Лекарите пронашле и дека сериозни повреди девојченцето имало пред само 2 недели. Според истрагата убиецот ја тепал малата Мевљана често, а кобниот ден причина било што малечкото девојче уринирало на тепихот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1