Детенце ги замолило лекарите да му ја отсечат ногата – ќе му ја исполнат желбата


Зимра Вигода вели дека најтешката одлука што некогаш ја донела во животот е да се согласи на нејзиниот 11 – годишен син Амит да му ја ампутираат ногата.

449553_zimra-vigoda-foto-print-screem_f„Малку се плашам, но веќе претрпев многу, а ова е само уште една операција. Но ова е операција која ќе ми го смени животот. Веќе нема да имам болки, ќе можам да трчам, да скокам и да играм фудбал“, вели Амит, кому ампутацијата му била единствена желба.

Амит е роден со ретка ортопедска болест, т.н. конгенитален псевдоартритис на потколеното и остеофиброзна дисплазија која предизвикува чести скршеници на коските на десната нога и неподносливи болки.

Амит може да се движи единствено на патерици, да потскокнува на едната нога или да ползи. Бил опериран неколку пати. Меѓу другото, правена му е екстремна фиксација, хируршки зафат којшто како што вели неговата мајка, подразбира „шипки и клинови со кои се дупчат коските, мускулите и кожата“ што личи на инквизиторско мачење.

На 10. април на момчето ќе му биде ампутирана ногата под коленото во Детската болница „Шрајнерс“ во Сакраменто, Калифорнија. Шест недели подоцна, ќе добие протеза, а после три месеци ќе може да оди и да го живее животот без ограничувања.

На Амит болеста му била откриена откако се родил со скршена нога. Лекарите на родителите им понудиле три можности, да чекаат ногата самата да се излекува, да направат неколку операции кои најверојатно пак ќе завршат со ампутација или да му ја ампутираат ногата кога ќе има година или две за да може да води „нормален живот“, вели Вигода.

„Ќе се онесвестев за малку. Држев новороденче в рака и дознав дека сакаат да му ја ампутираат ногата“, вели таа.

На крајот се решиле за повеќе операции. Кога имал девет или десет години, после операциите седум месеци бил врзан за инвалидска количка и мораше повторно да учи да оди со помош на ортоза.

Амит, кој често ги гледал своите постари браќа како играат фудбал сонувал за тоа да им се придружи. Моментално игра кошарка во инвалидска количка и постигнува одлични резултати.

Во училиште често му се потсмевале заради хендикепот, го имитирале како оди, но откако го сменил училиштето стекнал многу нови и добри пријатели.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1