Притвор за возачот на автобусот


Определена му е мерка притвор на возачот кој управувал со автобусот на „Струмица експрес“ кој се судри вчера со патнички воз на магистралниот пат Велес-Штип, при што беа повредени 30-тина патници.

foto12-500Како што велат од Јавното обвинителство (ЈО), 54-годишниот В.Ц. од струмичкото село Добрејци, ќе биде притворен бидејќи „постојат особени околности што укажуваат дека осомничениот може да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и вешти лица.

Возачот на автобусот е осомничен за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот. Основното јавно обвинитество по извршениот увид на самото место, покренало истражна постапка, врз база на кривичната пријава што полициската станица во Св. Николе ја поднела против возачот на автобусот до Основното јавно обвинителство во Штип

Во настанот за кој се товари осомничениот, велат од ЈО, случен на ден 13 мај 2014 година, беа повредени многу лица, од кои има и лица со тешки телесни повреди.

Бог ја чувал: Бремената жена, единствена патничка во автобусот која не е повредена

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1