Приведени британски активисти за насилниот влез на мигрантите во Македонија


Една Британка била приведена од страна на грчката полиција заедно со уште 16 други странски невладини активисти под сомнение дека го поттикнале обидот на бегалците од Идомени насилно да влезат во Македонија минатата среда, пишува Дневник.migranti-zica-640x294

Ваквата вест ја објави британскиот весник „Телеграф“ додавајќи дека во групата во која имало и германски активисти, најверојатно имало уште еден Британец. Активистите по распрашувањето во полицијата биле ослободени, но против еден Германец е најавена судска постапка бидејќи при претресот кај него бил пронајден нож. Познато е, на минатонеделниот обид насилно да влезат на македонска територија му претходеше појавувањето на отпечатени летоци на арапски јазик во кои на бегалците им се порачува дека ќе се тргнува за влез во Македонија. Грчките власти, но и самиот грчки премиер Алексис Ципрас ги посочија невладините активисти како главни организатори на мобилизацијата на бегалците и на нивните обиди да ја пробијат заградената македонска граница. Британскиот весник цитира и еден сведок на судирите со македонска полиција кој наведува дека видел дека еден странски активист фрлал камења кон полицајците. Притоа, волонтерите им помагале на бегалците и се обидувале да ги изгасант патроните со солзавец со ќебиња и со канистри со вода.

Од друга страна, друг британски весник „Индепендент“ посочува дека еден од главните организатори на последниот протест била грчката невладина организација „Солидарност сега“. Таа на теренот имала многу активисти и главната активност им била помошта на миграните во остварувањето на нивните права.

– Оваа организација им кажува на мигрантите дека треба да останат во кампот бидејќи во секој момент може да се случи македонските власти да ја подигнат граничната рампа за да дозволат влез. Затоа, било потребно бегалците да не го напуштаат кампот во Идомени. Истовремено, Македонија ја посочувале како главен виновник за хаосот на границата и за ужасните услови кои владеат во овој камп – наведува овој британски весник додавајќи дека и ова невладина организација ја осудила употребата на сила и затворањето на границата од македонската страна.migranti-grcija-640x294

Весникот наведува и тоа дека оваа организација е наводно поврзана со грчката владејачка партија СИРИЗА.

Ова е веќе втор случај во кој се потврдува дека странските невладини активисти имаат врска со организирањето на насилството. Познато е, и на обидот за насилно влегување на македонска територија минатиот месец кај гевгелиското село Моин му претходеше агитација на невладини активисти и нивна конкретна помош при преминувањето на границата. Тогаш, и германскиот весник „Шпигл“ препознаа десетици невладини активисти од Германија кои постапуваа незаконски. Освен германски, биле забележани и холандски и шпански активисти кои илегално навлегле дури и на македонска територија.

Македонското Јавно обвинителство тогаш најави дека ќе проверува дали, по индициите кога е организиран влез на повеќе од илјада мигранти и бегалци преку надојдената Сува Река, има основа за кривично гонење, особено затоа што беа пронајдени докази што упатуваат дека мигрантите биле организирани со мапа и со инструкции како да го извршат преминувањето, а при акцијата се удавија тројца авганистански државјани, од кои и една трудница. Според извори од истрагата, индициите водат кон десетмина странски државјани, најверојатно, сите Германци, кои ако се приберат докази, ќе бидат гонети за недозволено преминување на границата со смртни последици, но и со можност за шверц на мигранти, при што се загрозени нивниот живот и здравје. Kазните затвор за овие дела се движат и до осум години. Вчера се обидовме да добиеме одговор од ЈО за тоа до каде е истрагата, но до затворањето на весникот не го добивме.policaec migranti ograda

НВО бараат прекин на депортацијата од Грција во Турција

Депортацијата на мигранти од Грција во Турција треба итно да биде прекината и луѓето што бараат азил не смеат да бидат држани во затворени центри, побараа минатата недела невладините организации „Оксфам“, Норвешкиот совет за бегалци и „Солидарност сега“.

Трите организации предупредуваат дека мигрантите од Грција се враќаат во Турција без да им биде овозможено да побараат азил или дури и без да бидат информирани за нивните законски права.

-Срамно е што ЕУ им дава предност на затворањето и депортацијата пред човековите права за сигурност и достоинство, изјави извршниот директор на „Оксфам“, Фарах Kарими.

Трите невладини организации наведуваат и дека мигрантите се сместени во пренатрупани центри, каде што условите за живот се влошуваат од ден на ден.

-Европа повеќе не може да го врти погледот од оваа нехумана состојба во која луѓето и натаму ги изложуваат своите животи на ризик, нагласи претставникот на „Солидарност сега“, Епаминондас Фармакис.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1