На булеварот партизански одреди се приведени три лица, кои учествувале во тепачка.
Едниот од нив извадил пиштол и го репетирал, но не успеал да пука.
При репетирањето, куршумот испаднал од пиштолот.
Вознемирените случајни минувачи во близина на автобуската станица ја пријавиле тепачката, по што пристигнале четири полициски возила.
Полицијата го пронашла куршумот, а за секој случај на местото пристигна и возило на итната медицинска помош.
Од полицијата ги товарат приведените за нарушување на јавниот ред и мир и за предизвикување општа опасност.