Прочитајте го потресното писмо на Анџелина Џоли


Анџелина Џоли во потресно писмо раскажа се за двојната мастректомија и сошто се одлучила на тоа.
Актерката во писмото кое го напишала за „New York Times“ открила зошто подлегнала на оваа операција за отстранување на дојките. Таа стравувала дка ќе заболи како и нејзината мајка која починала од рак на дојките. Лекарите и рекле дека има 87% шанса да оболи и таа, па затоа Анџелина Џоли подлегнала на оваа операција. Се за тоа, како се чувствувала и каква поддршка и бил Бред, прочитајте во писмото кое го пренесуваме во целост.

Писмото на Анџелина Џоли

angelina joliМојата мајка се бореше со ракот 10 години и почина на 56-годишна возраст. Издржа доволно за да го запознае нејзиното прво внуче и да го држи во рацете. Но, останатите мои деца никогаш нема да имаат можност да ја запознаат и да го доживеат тоа искуство да почувствуваат колку таа беше полна со љубов и грациозност. Многу често зборуваме за мојата мајка и тогаш се наоѓам во ситуација каде се обидувам да ја објаснам болеста која ни ја одзее.

Ме прашаа дали и мене може да ми се случи истото. Секогаш и говорев дека не се грижам, но вистината е дека и јас го носам BRCA1 генот кој многу го зголемува ризикот од развивање на рак на дојките и јајниците.

Моите доктори проценија дека постојат 87% шанси да заболам од рак на дојка и 50% да оболам од рак на јајниците иако ризикот е различен кај секоја жена. Само дел од карциномот на дојки е резултат од наследна генетска мутација. Оние кои го имаат BRCA1 имаат во просек 65% веројатност да добијат рак на дојка.
Кога дознав која е мојата реалност, одлучив да бидам проактивна и да го минимизирам ризикот колку што е можно овеќе. Донесов одлука да направам превентивна мастектомија. Почнав од градите затоа што ризикот од ракот на гради е поголем од ризикот за рак на јајниците, а воедно тоа е и комплексна операција.

Hollywood Actress Angelina Jolie Attends A Foreign Office Briefing On Preventing Sexual Violence In ConflictНа 24 април ја завршив 3-месечната медицинска процедура поврзана за мастектомијата. За време на овој процес имав можност ова да го задржам за мене и да продолжам со својата работа.
Но, сега го пишувам ова затоа што се надевам дека останатите жени ќе можат да научат нешто од моето искуство. Рак сеуште е збор која влева страв во човековото срце и предизвика длабоко чувство на немоќ. Но, денеска е можно низ само еден тест на крвта да дознаете дали се подложни на голем ризик од рак на дојка и јајници и да превземете нешто во врска со тоа.

Мојот личен прочес почна на 2 февруари со процедура која се нарекува „отстранување на брадавиците“, која ја исклучува болеста во каналите на дојката зад брадавиците и овозможува дополнителен проток на крв во тоа подрачје.
Оваа постапка предизвикува малку болка но доста модринки, но ја зголемува шансата за спасување на брадавиците. Две недели подоцна подлегнав на голема операција во која ми беше отстрането ткивото на дојките и ставени приремени пополнувачи.

Операцијата може да трае и до 8 часа. Се будите со дрен и со разни уреди приклучени на вашите гради. Навистина имате чувство како да се наоѓате во сцена на СФ филм. Но, само неколку дека по операцијата можете да се вратите во мормален живот.

brad pitt and angelina jolie kissingДевет недели подоцна, финалната операција беше завршена како и реконструкцијата на градите со импланти. За време на последните неколку години имаше голем напредок во оваа гранка на медицината и резултатите навистина можат да бидат преубави.
Сакав да го напишам ова за да им кажам на сите жени дека одлуката за мастектомија не е лесна. Но, среќна сум што тоа го направив. Моите шанси за развој на рак на дојката од 87% се намалија на 5%. Сега можам на своите деца да им кажам дека не мораат да се плашат дека ќе ме изгубат.
Охрабрувачки е што не видоа ништо за што би им било непријатно. Можат да ги видат моите мали лузни и тоа е тоа. Се другото е „мама“, истата како што беше и претходно. И тие знаат дека ги сакам и дека ќе направам се за што подолго да бидам со нив. Лично, не се чувствувам ништо помалку женствено.

Се чувствувам посилна што направив таков избор кој во никој случај не ја намалува мојата женственост.
Среќна сум што имам партнер како Бред Пит кој е полн со љубов и поддршка. Затоа, секој кој има сопруга или девојка која поминува низ ова, знајте дека сте многу важен дел од нејзината транзиција.

brad-pitt-and-angelina-jolie

Бред беше во центарот за рак секоја минута за време на мојата операција. Успеавме да пронајдеме моменти да се смееме заедно. Знаевме дека ова е вистинската работа за нашето семејство и дека тоа само уште повеќе ќе не зближи.
За секоја жена која го чита ова, се надевам дека помага тоа што знаете дека имате опција. Сакам да ја охрабрам секоја жена, особено ако во семејството имате историја за рак на јајници и гради, да побарате информации и медицински стручњаци кои можат да ви помогнат да го пребродите овој дел од вашиот живот и сами да направите свој избор на основа на доверливи информации.

Признавам дека постојат многу добри лекари кои работат на алтернативниот начин на операција. Мојот личен режим ќе биде објавен на веб страната на Pink Lotus центарот за лечење на рак на дојка. Се надевам дека ќе им користи и на другите жени.
Ракот на дојката убива 458.000 луѓе секоја година, најчесто во помалку богатите земји. Нашиот приоритет е да им овозможиме на што поголем број на жени да се тестираат и да добијат превентивен третман, без разлика од каде доаѓаат.

Цената за тестирање на гените BRCA1 и BRCA2 во САД чини повеќе од 3.000 долари што е голема препрека за многу жени.
Одлучив мојата приказна да не остане приватна затоа што постојат многу жени кои не знаат дека можеби живеат во сенката на ракот. Мојата надеж е дека и тие ќе можат да се тестираат на овие гени и ако имаат ризик, да знаат дека имаат разни можности пред себе.
Животот доаѓа со многу предизвици. Оние кои не не плашат, се оние кои можат да ја превземат контролата над нас, стои во писмото на Анџелина Џоли.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1