Поплавени новите згради на Уставeн, Археолошкиот музеј, ТЦ Буњаковец, Соборен храм


Подземни води ги поплавија подрумските простории и на новата зграда на Уставниот суд и Археолошкиот музеј, при што водата се црпе за да не дојде до поголеми оштетувања.

poplavaПо интервенција на надлежните од општина Центар, со пумпи се прави обид да се исцрпи водата во овој нов објект. Од поплавените подруми во Трговскиот центар Буњаковец, со пумпи почна да се вади водата.

Според официјалниот документ од Градежниот институт Македонија, станува збор за подземни води.

„Карактеристично за сегашниот период и состојба на висок водостој, анализирано  во последните 20 години, има доста високи, дури и екстремни нивоа на подземни води“, стои во информацијата на ГИ „Македонија“.

poplava2Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на повик на граѓаните, во понеделникот разговараше со сопствениците, ја согледа состојбата и им вети дека ќе направи сé што е во негова надлежност за да им се помогне и по консултацијата со надлежните да се бара трајно решение на овој проблем. Во вторникот жителите на централната скопска населба изразија задоволство од брзата реакција на локалните власти.

Вакви поплавувања  на подземни простории има и во други објекти во општината, како што се објектите Тифани, Еуростандард банка, Соборниот храм и други.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1