Прочитајте ја приказната која има еден милион лајкови на Facebook!!!


Потресна приказна за њујоршки таксист која на Facebook се појавила пед два месеци собрала невиден број на лајкови.

“Пристигнав на адресата и свирнав. После неколку минути чекање повторно засвирив. Бидејќи тоа ми беше последното возење во смената си помислив дека можам и да си заминам. Но наместо тоа ја паркирав колата и заsвонив на вратата.

“Само момент” ми одговори кревок старечки глас, слушнав како нешто се влече по подот. После подолга пауза вратата конечно се отвори. Пред мене стоеше една мала жена која имаше околу 90 години, беше облечена како да излегла од некој филм од 40тите.

Покрај неа се наоѓаше најлонска вреќа. Нејзиниот стан изгледаше како веќе со години никој да не живее таму. Целиот мебел беше покриен со листови.

“Можете ли да ја носите мојата вреќа до колата?” – ме праша. Ја внесов вреќата во колата, а потоа се вратив по неа за да и помогнам да стигне до колата. Ме фати за рака и полека се движевме.
Постојано ми се заблагодаруваше за љубезноста. “Нема на што” – и одговарав.
“Јас само се однесувам кон моите патници онака како што би сакал луѓето да се однесуваат кон мојата мајка”
“Ти си навистина добро момче” ми рече таа.
Откако стигнавме до колата таа ми ја даде адресата и ме праша дали можам да ја повозам низ градот. “Па тоа баш и не е краток пат” – реков јас.
“Мене никаде не ми се брза, одам во старечки дом”- ми одговори старицата.
“ Немам никого, а докторот кажа дека не ми остана уште многу време живот”- благо  продолжи таа.
Јас полека се наведнав и го исклучив таксиметарот.

Ја прашав по кој пат сака да одиме, и следните два часа ги поминавме возејќи се низ градот. Ми  ја покажа зградара во која порано работела. Се возевме и по улицата каде претходно живеела кога се венчала со својот сопруг. Поминавме и покрај складиштето за мебел кое порано било сала за танц каде како млада танцувала.
Од време на време ме замолуваше да застанам пред некоја од зградите и седеше гледајќи во мрачните далечини, без зборови. После првите зраци на сонцето кои му дадоа сјај на хоризонтот таа ми рече дека е уморна и ме замоли да тргнеме. Во тишина се возевме до адресата. Беше тоа ниска зграда со влез пред тремот.
Кога стигнавме двајца постари луѓе излегоа пред вратата. Тоа беа луѓето кои ќе се грижат за неа. “Колку ви должам?” ме праша таа. “Ништо”- одговорив.

“ Но од нешто мора да живеете” –рече старицата. “Имам и други патници” и одговорив.
Без да размислам силно ја прегрнав. Нејзиното тело се припи кон моето и ми рече:“Усреќивте една старица за момент” . Цврсто и ја стегнав раката и заминав. Зад мене се затвори врата, а имав чувство дека се затвара еден живот.

Во таа смена не возев ниту еден друг патник. Само онака безцелно возев по улиците потонат во мисли. Остатокот од денот одвај ќе прозборев по некој збор. Што ако наместо мене дојдеше некој лут и нестрплив таксист кој би сакал што побрзо да си ја заврши смената?. Што ако јас си заминев после првото свирење? Од друга страна, мислам дека никогаш не сум направил поважна и повредна работа

Tags: , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1