Продавачите на пазарите не смеат да се вработени или пензионери


Пензионерите и вработените нема да можат да имаат тезга со новиот закон за зелени пазари коj треба да стапи на сила за две недели. Од стопанската комора бараат негово одлагање. Велат дека со неговата примена ќе се намали бројот на продавачи на пазарите, прометото ќе опадне за 30 отсто , а закупците на тезги ќе се оптоварат со нови давачки. До министертвото за економија веќе испратиле и допис со пет конкретни забелешки.

Уште еден проблем во законот е и воведувањето на легитимации за закуп на тезги. Пазарџиите освен што немаат инфромација каде да ги добијат, велат дека таа ќе важи само за продажба на една тезга.

Законот за зелените пазари ќе се применува од Нова година и покрај барањето на пазарџиите за негово одлагање. Министерот Бектеши вели дека забелешките од стопанската комората се задоцнети.

Законот е веќе донесен и нема време за промени во текстот.

Допрва треба измените да се достават до Собранието, но со оглед дека тоа е пренатрупано со работа тешко дека било кој закон би поминал до крајот на јануари. Сепак тој ќе има состанок со претстваниците од комората на кој ќе се разговара за нивните забелешки.

Од стопанската комора вечра побараа законското решение да биде одложено. Затоа што со него се забранува на пензинерите и вработнеите да имаат тезга на пазар.

Со тоа за 30 отсто би се намалил и бројот на продавачи и прометот на пазарите. Проблем за нив е и воведувањето на лиценци за закуп на тезги.

Во земјава има околу 25 илјади пазарџии, но сеуште е голем брјот и на дивите продавачи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1