Загина познат голман заедно со сопругата и шестгодишниот син


Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби голманот на ФК Витебск од Белорусија, Андреј Шербаков.

Покрај него во несреќата загинаа и неговата сопруга и шест годишниот син.

Се уште не е познато што е причината за тоа најдобриот голман во моментов во Белорусија, да помине во спортивната коловозна лента. Според неофицијални информации, автомобилот се излизгал поради лошото време.

Шербаков со своето возило се судрил со камион од спротивната насока. Голманот, неговата сопруга и синот загинале на место, а од возилото живо е извлечено е нивното друго дете, тригодишниот син.

Трагичната вест ја објави и клубот на Твитер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1