Продавале дрога, а со парите ги хранеле сиромашните во Кенија


Со паролата дозволено е да направиш помало зло, за да направиш поголемо добро, се бранел брачниот пар Мајкл Фостер и Сузан Купер, во судскиот процес кој се водел против нив за продажба на дрога.


Мајкл и Сузан во 2004 година изградиле куќа во местото Линколншир, која ја претвориле во фабрика за одгледување на канабис.

Брачниот пар собрал 400,000 долари од продажбата на марихуаната, а парите ги делеле на сиромашните и гладните во Кенија.

Покрај тоа, тие парите ги вложувале во тамошното образование и опременување на болниците.

Ја опремиле болницата во Кенија со комјутери и обезбедиле пари за сите операции. Ги реновирале школите и на децата им обезбедиле книги и школкси прибор.

Нивниот адвокат Гарет Витман во завршниот говор настапил:

„Точно е дека се занимавале со илегална работа, но сепак парите не ги земале за себе, туку ги давале на сиромашните и тоа мора да го земете во предвид“, изјавил Витман.

„Сузан е добра личност. Му го спаси животот на едно дете кое било тешко повредено и чија нога била зафатена од гангрена. Сузан ја плати операцијата. Лекарите му даваа само два дена живот“, изјавил адвокатот.

Но, и покрај одличните аргументи за нивно ослободување, двојката е осудена на три години затвор.
„Верувам дека сте имале најдобра намера, но, огромни средства на пари и понатаму лежат на ваша сметка. Јас верувам дека сте правеле добри дела, постојат и докази за тоа, но сепак сте се занимавале со илегална работа“, заклучил судијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1