Професионални демонстранти: Татко и син организираат протести каде и да стигнат


dubravko-lazeta-jutjub_fТатко Дубравко Лажета и неговиот син Филип од Осиек, професионално се занимаваат со организирање на протести во Хрватска и каде и да бидат повикани од страна на некој синдикат и работнцитите, тие се одзиваат и со себе го носат својот разглас и протесна опрема. Ако е потребно пишуваат и транспаренти.


Тие велат дека работниците биле нападнати од големиот капитал, а на нив како активисти, граѓанска должност им е да помогнат во заштитата на нивните права. Мал број на граѓани веруваат дека за своите права можат да се изборат на улица.
„Не е тоа страв, туку не веруваат во партиската политика. Не веруваат дека ќе им биде подобро, едноставно не гледаат светло на крајот на тунелот и не знаат на каде да тргнат“, изјавил Дубравко.
demonstrator protest„И ние мислиме дека протестот само заради протест, нема никаква смисла. Треба да се има јасни цели“, додал Филип.
И целта на нивното здружение, како што наведуваат, се заштита на работните места и борба против корупцијата.
Основале рок група Амос, наречена по програмата која ја спроведуваат. „Акција на морална обнова“ – солидарност“.
„Нашиот најголем придонес се песните, кои го подигаат моралот на граѓаните. Не сакаме да бидеме немоќни, објаснува Филип, во музичките води познат и како Прика.
Нивната песна „За 1000 горди работници“ станала химна во Синдикатот на хрватските невработени.
За ова што го работат, тешко наоѓаат финансиска поддршка, а трошковите донекаде ги покриваат со соработка со синдикатите.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1