Наставник по Арапски од Филолошкиот факултет во Белград, Башар Ибрахим ел Хадл, по потекло од Ирак, вчера започна штрајк со глад во фоајето на факултетот.
Причина е неговиот студент од четврта година Марко Јовановиќ.
– Јас не можев да го издржам ова повеќе, еве веќе три години мојот студент ме понижува, ме навредува на национална основа, ми кажува дека сум луд, и тоа пред сите други студенти. Тој зборува за мене наоколу, а и мене ми се заканува како ке ми ја скрши главата, а еднаш дури и физички ме нападна,, се жали професорот Башар.
тој додава дека поднел и жалба до деканатот минатата година, но дека му била одбиена и немал друг избор освен да почне штрајк со глад.
Студентите кои новинарите ги затекнале на Факултетот велат дека професорот е во право и дека тие го подржуваат.
Велат дека студентот навистина многу лошо се однесувал со професорот, а поради неговите чести префрлувња за време на предавањата дури ниту тие неможат да ги следат предавањата на мир.
Јовановиќ пак тврди спротивно но во изјавата за новинарите изјавил
– Тој прво не е ни професор, тој е ментор. А мене ме заклучуваше и не ме пушташе да излезам од неговиот кабинет, не ми даваше да ги слушам предавањата,, вели студентот Марко Јовановиќ.