Професор во средно со 21.000 денари плата, а на факултет и со 2.000 евра


Со генералниот штрајк во образованието, кој ќе почне на 29 септември, СОНK бара и укинување на повеќе казнени одредби за наставниците во законите за основното и средното образование, но и јасен начин на распределба на платите во високото образование, која, според нив, сега е незаконска.

mobilen vo skolo– Платите се ниски и со аргументи можеме да докажеме дека тоа е така во однос на зголемувањето на животните трошоци и во однос на тоа колку обемот на работа на наставниците е зголемен поради реформите што неколку години интензивно се применуваат. Наставник во основно зема основна плата, зборувам без минат труд, од помалку од 20.000 денари, а во средно имаат само илјада денари плус. Ова е под просечната плата во земјава – вели Неделков.

На прашањето колкаво зголемување ќе побараат од надлежните институции ако седнат на преговарачка маса, Неделков не сакаше да коментира.

– Ако седнеме на маса, ќе ги приложиме нашите аргументи за процентот, односно за висината на зголемувањето на платите во основното и во средното образование. Сега не би изнесувал поединости и не би шпекулирал со бројки – вели Неделков.

Од СОНK реагираат и на разликите меѓу платите.

– Бројки не знам, но има голема разлика меѓу платите на универзитетските професори од различни факултети. Не може, на пример, хигиеничарите на економски и на правен факултет да имаат различна плата, а истото важи и за редовни, вонредни професори. Разликите мора да се израмнат во однос на работните места – вели Неделков.

Деканот на Природно-математичкиот факултет од Скопје, Ицко Ѓорговски, вели дека разликите меѓу платите на професорите, всушност, се од распределбата од сопствените средства. Објаснува дека секој факултет на УKИМ носи одлуки според правилник за распределба на средствата од дополнителна дејност, кои се во согласност со Статутот на УKИМ.

– Нема иста плата за професор што има еден магистранд и двајца докторанди и за тој што има повеќе. Истото важи и за ангажираноста според фондот на часови и бројот на студентите – вели Ѓорговски.

Поделбата на македонските факултети на богати и сиромашни е тема за која постојано се разговара низ факултетските кулоари. Ѓорговски вели дека според платите, тие се во сиромашните.

– Тоа е поради бројот на студентите, но и трошоците што ги имаме за лабораториите. Исто така би сакал да истакнам дека 50 отсто од трудовите што се објавуваат во списанија со импакт-фактор се од ПМФ – вели Ѓорговски.

Dnevnik

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1