Градоначалникот на квартот Моленбек во Брисел нареди вонредна состојба, јавија локални медиуми.
Жителите на квартот не смеат да излегуваат од своите домови или да пристигнат во нив ако се надвор.
Во општината се подготвени услови луѓето да бидат засолнати времено.
Причина е антитерористичката операција во квартот каде претходно беше уапсен единствениот преживеан во ноемвриските напади во Париз, терористот Салах Абделслам. Полицијата се подготвува да упадне во објект каде се наоѓа негов соучесник, јавуваат бриселски медиуми.