Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, кои во вечерните часови ќе се прошират кон исток. На места врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. На планините во западните делови кон крајот на денот врнежите ќе преминуваат во снег.
Температурата ќе се движи од шест до 18 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 16 степени.
Слаб локален дожд ќе има и во петок.