Програма: Како ќе се слави Бадник во Скопје


На 6-ти јануари, Платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски ќе биде местото каде што ќе се собираат Скопјани.

Благодарение на активностите на Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, скопјани по 22-ри пат ќе ги одбележат Бадникарските свечености.

badnik-240Еве ја програмата според која ќе тече манифестацијата, која ќе започне во 09 часот а ќе трае до 13 часот.

9,30 Промоција на ново Бадникарско знаме со изведба на Бадникова химна- ( Силви Бенд )

09,40 Осветување на БАДНИКОВИ ГРАНЧИЊА – (свештеници)

– Песна – Коледе леде! ( Благоја Анчевски и бадникарите)

09,50 Коледарска песна – Сара Елек со другарките – ЦД

09,55 Настап на група Скопски коледарчиња ( пеат песничка )

10,00 МУЗИЧКО ИНТЕРМЕЦО – жива изведба

10,10 НОВИОТ БАДНИКАРСКИ ЌУП ВЛЕГУВА во СОБОРНИОТ ХРАМ.

Разговор со грнчарот , мајстор ИЛИЈА СТАВРОВ од Неготино

10,30 ПРЕЧЕК на новиот кум Методија Стафановски-Тоде и кумата Билјана со Бадниковата погача

10,45 ПРЕЧЕК на СТАРИОТ КУМ ДАНИЕЛ ВОИНОВСКИ ( со ќупот се качува на бина и го остава на масичката)

10,50 Коце Трајановски, градоначалник на град СКОПЈЕ од членот на Одборот Мојсо Мојсовски го прима СТАРИОТ ЌУП , што трајно ќе ги краси просториите на Градската администрација.

11,00 Вклучување во директен пренос-МАКЕДОНСКО РАДИО

11,00 ПРЕЧЕК на ПОГЛАВАРОТ на МПЦ г. г. СТЕФАН

– Водосвест

– БЛАГОСЛОВ за кумовата погача

– ОБРАЌАЊЕ на поглаварот на МПЦ Г.Г. СТЕФАН

-БАДНИКОВА здравица– Др. Владимир Плавевски

-ПОРАКА од Коце Трајановски, Градоначалник на град Скопје

– РАЗГОВОР со стариот кум- Даниел Воиновски

-РАЗГОВОР со Методија Стафановски-Тоде и новиот кум-бадникар за 2014 година и негово обраќање до Скопјани.

-Поглаварот на МПЦ Г.Г. СТЕФАН, на Кумот ТОДЕ му го предава НОВИОТ БАДНИКАРСКИ ЌУП.

11,40 Испраќање на новиот кум до пајтонот.

11,45 ПРОСЛАВАТА ПРОДОЛЖУВА со НАСТАП на членовите на МАКЕДОНСКАТА ЕСТРАДА

13,00 КРАЈОТ НА ПРОСЛАВАТА НА БАДНИК со БАДНИКОВАТА ХИМНА и СПУШТАЊЕ на ЗНАМЕТО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1