Вчера почина познатиот американски актер Робин Вилијамс, а во неделата Арон Ремзи постигна погодок за Арсенал.
Со тоа продолжи тригодишното „проклетство“ и урбаната легенда која гласи дека Арон Ремзи со своите погодоци ден подоцна „погребува“ некоја светски славна личност. Секако дека станува збор за случајност, но навистина е неверојатно што ова се случува кој знае кој пат.
Ден после гол на Ремзи умираа или биле убиени Осама бин Ладен, Стив Џобс, Муамер Гадафи, Витни Хјустон, Пол Вокер…