Нова авионска несреќа на малезиски авион го потресе светот. Имено, авион на компанијата ”AirAsia” ја промашил пистата при слетувањето во централниот дел на Филипините, при што леталото претрпело оштетувања, а според првичните информации, инцидентот се случил поради бурното време.
Засега се уште нема информации за повредени. Патниците биле евакуирани со помош на тобогани, а аеродромот во градот Калибо ќе биде затворен за сообраќај додека авионот, чии што три тркала се заглавиле во кал, не биде отстранет од пистата, соопштиле од филипинската Цивилна управа за воздухопловство.
Инцидентот се случил само еден ден откако авионот на компанијата ”AirAsia” паднал во Јаванското море, во текот на летот од Индонезија до Сингапур, авионска несреќа во која што се наоѓале 162 патници и членови на екипажот.