Во 2003 година биле пронајдени 105 мртви тела, а во 2010 година биле забележани повеќе од 200 обиди за самоубиство, од кои 57 успешни. Поради тоа, Аокигахара исто така е позната и под друго име – „Шума на самоубиствата“.
Шумата Аокигахара се наоѓа во северозападната област на планината Фуџи во Јапонија, а се протега на 35 квадратни километри.
Поради нејзината густина, за време на престојот во шумата можно е да се слушнат исклучиво звуци кои ги произведува самата природа, но од истата причина во неа многу лесно може да се изгубите ако скршнете од обележаните патеки.
Од 2010 година, локалните власти ја кријат вистинската бројка за да се обидат да ја намалат „атрактивноста“ на самата шума. Покрај тоа, на влезот од шумата е поставен натпис за сите оние кои размислуваат за самоубиство на кој пишува да размислат за своите семејства и да контактираат со здружението за спречување на самоубиства.