По набљудувањето на гравитацијата кај еден од најактивните вулкани, Килаулеа, вулкан на Хаваите, научниците откриле циклус на флуктоации од страна на лавата на околу еден километар под површината. Подземните процеси се доста тешки за набљудување, но сепак може да дадат важни информации за тоа дали вулканите може да еруптираат предизвикувајќи катастрофа.
Сепак мерењето на гравитацијата сеуште не е постојана техника во следењето на вулканите, оваа постапка се користи од страна на нафтените компании со цел да пронајдат извори на нафта.
Се што има маса има и гравитационо поле кое ги влече предметите према себе. Бидејќи земјената маса не е еднаква насекаде, на одредени делови, гравитационата сила е поголема.
Истражувачите во 2010 година, инсталирале гравитациони мерачи на крајот на вулканот Килаулеа на околу 2 километри северозападно од еруптивната зона. Овие гравитациони мерачи снимаат мерки на секои 10 секунди и со нив било забележано дека на циклус од 150 секунди се појавуваат флуктоации.
„Крајната цел ни беше да создадеме начин за поефикасно предвидување на ерупции, со тоа што ќе го предвидиме времето, местото и јачината. Гравитационите мерења се една од многуте техники која би ни помогнала да напреднеме за реално да можеме да предвидиме ерупции и подобро да сватиме што се случува под нашите нозе.“ – изјавил Мајкл Поланд, геофизичар во Набљудувачкиот Центар на Хавајските Вулкани.