Еден грам ДНК може да зачува 700 терабитa информации


Еден грам од ДНК може да зачува 700 терабити информации, открива најновото истражување направено од страна на Џорџ Чирч, биоинженер и професор по генетика на медицинскиот факултет на Харвард заедно со неговиот тим.

Со цел да се зачуваат информации во 96 битни информациски блокови, бил користен бинарен систем. Истражувачите синтетизирале ДНК нишки и зачувале 54,898 96 битни блокови на кодирани информации, кои содржеле текстови, слики и формации со 19 битни секвенци за да ги лоцираат информациите. TGAC базите на ДНК биле искористени за да се зачуваат блоковите од информации кои подоцна би можеле да бидат прочитани со тоа што ќе бидат декодирани во бинарен систем каде базите Timin (call) и Gvanin (G) = 1, a Adenin (angel) и Citozin (coffee) = 0.

Истражувачкиот тим ги повикал и Сри Кошури научник од Институтит Вис и Јуан Гао доктор на науки кој порано работел во Институтот Вис, а моментално бил на пост докторски студии и работел како професор за биомедицинско инженерство на Универзитетот Џон Хопкинс.

Научниците долго време ги интересирала мемориската моќ на ДНК молекулата која се должи на густината, стабилноста, енергетската способност. Токму густината на поврзаните бази TGAC е причината поради која информации од 1.8 секстилиони бита, мемориски капацитет кој е еднаков на огромен број комјутерски хард дискови, може да бидат складирани во 4 грама на ДНК.

„Густината на информациите, споредбено со други методи за зачувување на податоци, кај ДНК молекулата е не споредлива. Оваа молекула можеш да ја оставиш во дворот или да ја загубиш некаде среде пустина, а таа ќе остане таму наредните 400.000 години“ изјавил соработникот на ова истражување, Сри Кошури.

Сепак, во заклучокот на истажувањето стои дека овој метод се покажал доста добар за архивирање на податоци иако читањето и запишувањето на податоците е доста поспоро од останатите техники на меморирање. Но бидејќи денес постојат само ограничени простори за зачувување на податоци токму поради ограничувањата на технологијата со која истите се произведуваат, овој метод сигурно ќе отвори голем број можности. Исто така таму стои запишано дека, не е воопшто тешко да се замисли чување на се што би можело да се зачува дигитално, а ние го бришеме поради недостаток на мемориски простор.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1