Пронајден древен вирус- со векови спие во нас и може да се „разбуди“


Научниците неодамна во човечката ДНК пронашле нов вирусен код, кој би можел да има големо влијание врз нашиот живот.

Со анализата на геномите на повеќе од 2.500 учесници во истражувањето, откриени се 19 никогаш досега забележани сегменти на вирусниот код, а голема е веројатноста дека одреден дел од таа вирусна ДНК патува низ нашето тело во изминатите 670 илјади години, ако не и подолго.cre-bakterija-virus

Повеќето од тие делови претставуваат остатоци на исчезнати вирусни честички, но некои претходни истражувања покажале дека овие фрагменти, во зависност од нивните позиции внатре човековата ДНК, можат да влијаат врз развојот на болестите како рак и автоимуните заболувања.

Но она што е можеби уште поинтересно е дека истражувачите пронашле и сегмент од вирусен код, кој изгледа како целосно недопрен и дека со повторно активирање би можел да „внесе живот“ во древниот вирус.

– Изгледа дека од овој може да настане инфективен вирус, што би било мошне интересно, доколку се испостави дека е точно. На тој начин би имале прилика да го следиме развојот на епидемија, која се случила многу одамна, изјави Џон Кофин, научник од Медицинскиот факултет на Универзитетот Тафтс.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1