Жители на провинцијата Папуа на крајот од истокот на Индонезија известиле дека авионот се срушил на тоа подрачје.
Оваго изјавил официјално лице од компанијата „Тригана ер“ откако нивен авион со 54 патници и членови на екипажот исчезна од радарите.
Оперативниот директор Бени Сумарјанто изјави дека компанијата добила известување за пад на авионот од едно село во близина. Информацијата е потврдена од генералниот директор за авиосообраќај при индонезиското министерство. Тој изјавил дека според исказите на очевидци, авионот удрил во планина.
-Авионот го пронашле жители на селото. Според нив, авионот удрил во планина. Во тек е процедура за верификација, изјавил директорот.