Страшна сообраќајка кај Кавадарци, тројца тешко повредени


Три лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа која доцна попладнево се случи на патот од Кавадарци кон мотел Дреново, на патот Градско-Прилеп, јави МИА.brza pomos soobrakjajka3 mk

Информацијата ја потврдуваат како од територијалната противпожарна единица од Кавадарци, така и од итната медицинска помош од овој град.

– Интервениравме бидејќи еден од повредените беше приклештен во возило кое од ударот беше исфрлено на тешко пристапен дел, па моравме да го извлечеме. На лице место бевме тројца пожарникари со едно возило, велат од противпожарната служба за МИА.

Според пожарникарите кои беа на лице место, во сообраќајката учествувале три возила, „голф“, „форд“ и „опел вектра“.

Од брзата помош во Кавадарци велат дека нивни колеги се уште се со повредените кои биле префрлени во градската општа болница во овој град.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1