Еден од двата брода, исчезнати пред повеќе од 160 години, е пронајден за време на британска експедиција во водите на Арктикот, објави канадскиот премиер Стивен Харпер.
Бродовите „Ербус“ и „Терор“, предводени од британскиот истражувач Џон Фреклин, последен пат се видени кон крајот на 40-тите години на 19. век, а Канада во 2008 година започна потрага по нив.Според Харпер засега не е јасно кој од двата брода е пронајден, но фотографиите покажуваат дека сигурно станува збор за еден од нив.
Истражувачот Френклин со 128 членови на истражувачкиот тим исчезнале за време на експедиција почната во 1845 година во потрага по пат од Атлантскиот до Тихиот Океан.
– Ова е историски момент за Канада, изјави премиерот Харпер.
Потрагата по бродовите на Френклин е еден од приоритетите на владата на Харпер