Пронајден мртов човек на тротоар во Охрид


На тротоарот на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, денес околу 14:00 часот бил пронајден труп на машко, возрасно лице.

g_policijaПорталот lihnid.com јавува дека случајот во СВР Охрид го пријавил доктор од Итната медицинска помош. Од СВР Охрид велат дека Истражен судија и Јавен обвинител излегле на терен со цел да се откријат детали за настанот.

Според првичните информации, на телото нема траги на насилство.

СВР работи и на откривање на идентитетот на лицето, а до граѓаните испратија апел доколку имаат информации за исчезнато лице, веднаш да пријават во Полициската станица во Охрид.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1