Клаудија Р. од Белград која исчезна пред неколку дена во Воениот базен, конечно е најдена и драмата е завршена.
Според најновите податоци на српскиот Блиц, 24-годишната Србинка за која медиумите напиша дека наводно се удавила во базенот, била пронајдена издрогирана во една зграда, по што итно била префрлена во болница.
Рајко К. кој прв се јавил во полиција да го пријави нејзиното исчезнување, во моментот кога се случил настанот бил под дејство на дрога, па сега ќе си заработи кривична.
Полицијата и спасувачките екипи веднаш го пребараа базенот, но не ја најдоа девојката.
Сега се дознало дека таа земала дрога и останала да лежи во една зграда во близина.