Пронајдена занданата во која Влад Дракула бил затворен (Фото)


Во текот на спроведувањето на реставрација на Замокот Токат во северна Турција, археолозите велат дека ја откриле занданата во која влашкиот принц Влад III – инспирацијата за еден од најпознатите вампири во литературата, Дракула – бил држен како заробеник во почетокот на 15 век.

„Замокот е целосно опкружен со тајни тунели. Доста е мистериозен“, вели археологот Ибрахим Четин. Под замокот, тимот за реставрација пронашол две зандани. „Тешко е да се процени во која соба бил чуван, но дефинитивно тој бил тука“, додава Четин.

drakula
Ако дополнителните докази го покажат точно ова тврдење, тоа ќе биде значајно откритие. Затворот бил важен момент во животот на младиот принц.

Во 1443 година, таткото на принцот бил соборен од Унгарија, побарал помош од Турците за да му помогнат да си го врати престолот. Со цел да ја обезбеди неговата лојалност, Султанот како заложници ги зел неговите најмлади синови, Влад III и Раду. Во текот на тој период, Токат се сметал за еден од поцивилизираните градови.

DHA photo

DHA photo

Неколку историчари велат дека двете момчиња биле добро третирани и образовани. Сепак, Влад III бил тврдоглав и поради тоа бил подложен на рутински насилни казни како камшикување. Токму во овој период принцот бил сведок за тоа како затворениците се набиени на кол.

Неколку години подоцна, откако го добил тронот, Влад III се повлекол од борбата против Турците, покажувајќи 20.000 тела надвор од градот Тарговиште, Романија. Откако ги виделе телата, турските сили се вратиле назад во Цариград.

Влад починал во битка во 1476 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1