Тој убивал а таа се кае: Сестрата на Ескобар со години ги посетува гробовите на неговите жртви


Поминаа 21 година откако озогласениот нарко-бос Пабло Ескобар беше убиен од дожд од куруми на еден покрив во комубискиот град Меделин, престолнината на неговото нарко-царство. Со тоа заврши владеењето на најголемиот светски крал на дрогата, одговорен за смртта на илјадници луѓе.

Гревовите на Пабло се непростливи, а неговата сестра и ден денес остава пораки на извинување на надгробните споменици на жртвите кои настрадале од суровата рака на нејзиниот брат.

_79437129_sister_afp624

Луис Марија Ескобар долго време не знаела за матните бизниси на нејзиниот брат.

– Секој ден размилсувам за тие луѓе кои настрадале од рацете на мојот брат. Мислма и на нивните семејства, кои и денес страдаат и чувствуваат последици од злоделата на Пабло, иако тој веќе две децении е под земја – ја започнува својата приказна Лус Марија Ескобар.

Во 1980-тите години, Ескобар и неговиот меделински картел започнале крва ера на убиства и сурови одмазди во случај ннекој да му пркоси на неговото владеење. Во Меделин во 1991 година стапката на убиства изнесувала 381 убиство на 100.000 жители. Таа година само во тој град биле убиени повеќе од 7.500 луѓе. Главна мета на Ескобар биле политичарите, полициските шефови, припадниците на специјалните единици, новинарите и членовите на судовите.

Тоа бил негов начин за борба против државата, борба против донесувањето на законот за екстрадиција на нарко дилерите од Колумбија во САД. Бомбите во автомобили, киднапирањата, мачењата и убиствата станале секојдневие на Пабло. Во неуспешниот обид за атентат на претседателскиот кандидат во 1989 година, Ескобар отишол толку далеку што срушил авион. Цезар Гаврија, човекот кој следната година станал претседател не се наоѓал во авионот, но затоа пак во авионот настрадале повеќе од стотина недолжни патници.

_79423736_sisteratgrave

На врвот на својата моќ, самопрогласениот крал на дрогата бил седмиот најбогат човек на планетата, а неговиот картел контролирал неверојатни 80 проценти од светскиот пазар за наркотици. Лус Марија вели дека во 1980-тите години не знаела ништо за бизнисот на нејзиниот брат со дрогата, се додека еден ден не го собрал целото семејство и им соопштил дека направил тестамент.

– Мајка ми беше многу вознемирена. Таа го праша: „Сине, што ти е? Дали си смртно болен? – на што тој и одговорил : „Јас сум мафија. Мафијашите никогаш не умираат од природна смрт. Ние умираме од куршуми“. Тога ние не ни знаевме што е мафија. Таа ноќ мојата мајка и јас тој збор го баравме во речник, но не го пронајдовме – изјавила сестрата на Ескобар.

Pablo-Eskobar
Реалноста им удрила шлаканица на 30 април 1984 година кога министерот за правда Родриго Лара Бонињо бил убиен по налог на Пабло.

– Тој беше најужасниот во мојот живот. Тогаш сфатив кој е мојот брат и за што се е способен – изјавила Лус Марија.
Таа и нејзината мајка се обиделе да го убедат Пабло да се оттргне од тој пат, но тој секогаш успеав да ги разубеди во спротивното.
– Или ние или тие – често им говорел Ескобар.Eskobarov-grob

Лус Марија ни во најлошите кошмари не претпоставувала дека нејзиниот брат ќе остави трајна и болна лузна во светската историја.Затоа таа и ден денс се извинува за неговите гревови. Минатата година на 20-години од смртта на Пабло, Лус Марија одржала миса во католичка црква на гробиштата Хардинес Монтесакро во Меделин. Пред црквата, на надгробниот споменик на својот брат, најголемиот криминалец која Колумбија го имала, оставила листови хартија и пенкало. Ги замолила сите да и остават порака за простување за гревовите кои ги направил брат и.

– Осум луѓе луѓе чии семејства настрадале од рацете на Пабло дојдоа. Ме прегрнаа силно. Додека плачев ми велеа дека не чувствуваат горчина и омразџа кон мене поради тоа што го направил мојот брат – изјавила Лус Марија која и самата оставала пораки со извинување на гробовите на сите невино настрадани жртви.

Но таа признала дека имало и луѓе кои едноставно не можеле да ги простат и заборават крвавите злосторства на нејзиниот брат.
Пабло Ескобар почина на 2 декември 1993 година во престрелка со полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1