Пронајдени човечки черепи и коски во дворот на Али Ахмети во Зајас


Во дворот на куќата на семејството на лидерот на ДУИ Али Ахмети во село Зајас, пронајдени се човечки черепи и коски од екстремитети за кои се претпставува дека се од масовна гробница од 1913 година.

Коските се пронајдени во ексхумацијата на гробницата што започнала вчера. На местото на настанот денеска излегле и преставници од Јавното обвинителство од Гостивар кои извршиле увид. Се очекува да почне истрагата за расветлување на случајот.133381013-81225

Кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу денеска изјави дека се претпоставува оти остатоците се од 1913 година, а дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар. Тој исто така посочи оти луѓето кои се во масовната гробница претежно се жители од тој крај, и според првичните сознанија најверојатно станува збор за 10 до 60 луѓе.

Муслиу меѓу другото информира дека уште од 2013 година почнала истрагата за постоење на евентуални масовни гробници во овој регион.

Детали за ексхумацијата се очекува да соопшти Јавното обвинителство во Гостивар.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1