Се верува дека олтарот на оваа црква бил користен во времето кога живеела Лиза Џерардини. Документите покажуваат дека Џерардини била закопана под олтарот во 1542 година.
– Таа веќе не лежи тука, нејзините коски се собрани поради ДНК анализи. Нејзината ДНК ќе се спореди со останатите коски собрани од закопаните тека на нејзините деца, стои во извештајот на археолозите.
Многу приврзаници на уметноста веруваат дека Лиза Џерардини му била модел на Леонардо Да Винчи за неговата слика Мона Лиза.
Мона Лиза има неколку алтернативни имиња како Лагиоконда, Лајоконда, Џаконда и портретот на Лиса Џерардини, жена на Францес Дел Џиаконда.
Во 2011 година истражувачот Силвано Виченти планирал ископување со цел да ги лоцира и есхумира коските на Мона Лиза, но наследник на Џерардини се противел на ваквата идеја.
– Остатоците на моите предци би требало да бидат оставени да почиваат во мир. Која е разликата, ако се откријат нејзините остатоци? Мене овој обид ми изгледа како непримерен чин, изјавила Наталија Гуичиардини Стрози.