Пронашле мртовечки ковчег на Марс (Видео)


На листата од чудни објекти кои роверот “Curiosity” ги снима на Марс, се приклучил и еден за кој ловците на вонземјани тврдат дека е – бетонски мртовечки ковчег!kovceg

Вил Фарар, ловец на вонземјани од американската сојузна држава Мериленд, тврди дека забележал објект кој неверојатно потсетува на ковчег.

Тој, како што објаснил, до ова откритие дошол набљудувајќи сет од фотографии кои “Curiosity” ги пратил од Црвената планета. Тој смета дека тоа би можело да биде производ од некоја стара цивилизација.

Со него со согласиле и истражувачите на вонземјани од веб страната UFO Sightings Daily, кои сметаат дека ова откритие би можело да им биде од корист на експертите од НАСА, кои би требало да го пратат роверот на детален испит кај овој пронајдок.

Дали е Фарар во право, проценете самите на основа на оваа снимка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1