Многу наши познати тв-лица и манекенки се редовни гости за една вечер во скопските хотели, тврди рецепционер во еден скопски хотел за Либертас.
Според него често додека е на смена му се случува да види некое познато телевизиско лице како бара соба во хотелот која предходно е веќе резервирана од странски државјанин или пак од лице од Македонија, пишува ЛИБЕРТАС.
– Многу од девојките ги препознавам од телевизија или од весниците, но поради професијата се правам “наудрен“. Кога ќе им побарам лична карта,се збунуваат и најчесто велат дека ќе останат кратко. Обично носат темни очила за сонце или шешир, но сепак јас ги препознавам, вели изворот.
Според него, дамите од повисоката класа или девојките од „А класа“, се задржуваат во хотелската соба околу еден час и половина и тоа најчесто во ноќните часови, но има и такви кои доаѓаат и преку ден.
Според друг извор на „Либертас“ цената на услугите на девојките од “А категорија“ се движи од 300 до 500 евра од вечер.