Протест пред Собранието за уставните измени


Точно напладне здруженијата „Tврдокорни” и ,,Македонија блокира“ го започнаа протестот пред Собранието на Република Македонија, каде треба да се одржи пленарната седница за третата и последна фаза од уставните измени.

Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ.

Од „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ истакнуваат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1